Чртомир Фрелих (), (, — словенечки графичарFRELIH, Črtomir.

Животопис Дипломирал на Академијата за ликовна уметност во Љубљана, Словенија во 1985 година, одделот за графика во класата на проф. Звест Аполониј, а специјализирал во 1990 година на истата академија.

Работи како професор на одделот за ликовна педагогика на Педагошкиот факултет на Универзитетот во Љубљана.

Изложби Има реализирано преку осумдесет самостојни изложби.

Учествувал на околу 240 групни изложби во Словенија и во странство.

Автор е и на бројни меѓународни уметнички проекти.

Во доменот на графиката развил нова колграфска технологија, со која го менува изразот во графичкото творештво.

Награди Добитник е повеќе меѓународни награди: Награда на 4. биенале на југословенската графика во Загреб 1986 година, Признание на осмото триенале на графиката во Шамалиер, Франција 2010 година, Награда за највисок квалитет на 8 меѓународно биенале на цртеж во П’лзењ, Чешка, Рамноправна награда на 18 биенале на графиката во Варна, Бугарија, 2017, Специјална награда за развој на современата графика во светот на деветтото меѓународно графичко триенале во Битола и др.

Библиографија Нина Кожеј „Кукавици“- Чртомир Фрелих, Камник, 2012 година Kukavice – Črtomir Frelih. Зоран Кржишник „Младата словенечка графика“, Галерија Тиволи, Љубљана, 1993 годинаMlada slovenska grafika.

Наводи

Надворешни врски Slovenija odprta za umetnost Kunsterziehung Umetnik Črtomir Frelih

Категорија:Словенечки уметници Категорија:Словенечки графичари