Бруцелозата е високозаразна зооноза предизвикана од ингестија на непастеризирано млеко или недоволно печено месо од инфицирани животни, или близок контакт со нивни секрети. Позната е и како средоземна треска.

Brucella видовите се мали, Грам-негативни, неподвижни, неспороформни, стапчести (кокобацилни) бактерии. Тие функционираат како факултативни внатреклеточни паразити, кои предизвикуваат хронично заболување, кое обично перзистира доживотно. Четири видови предизвикуваат инфекции кај луѓето: B. abortus, B. canis, B. melitensis, и B. suis. B. abortus е помалку вирулентна од B. melitensis и претежно ја предизвикува болеста кај добитокот. B. canis ги инфицира кучињата. B. melitensis е највирулентен и најинвазивен вид; вообичаено ги инфицира козите и повремено овците. B. suis има средна вирулентност и главно ги инфицира свињите. Симптомите вклучуваат обилно потење и болка во зглобовите и мускулите. Бруцелозата е позната кај животните и луѓето од 20 век.

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Зоонози