Кашалот (Physeter macrocephalus) е најголемиот забест кит и најголем забест грабливец. Тој е единствен жив член од родот Physeter и еден од трите видови во фамилијата на кашалоти, пигмејскиот кашалот и џуџестиот кашалот од родот Kogia.

Возрасните машки единки во просек достигнуваат 16 метри во должина, но некои единки достигнуваат 20.5 метри, при што на главата отпаѓаат до една третина од вкупната должина.

Ловот на кашалоти бил водечка индустрија во XIX век, овековечен во романот Моби Дик.

Наводи

Категорија:Животински таксони опишани од Карл Линеј