мини|десно|350px|На гумното снопјето може рачно да се врши со вршило

Гумно – рамно и широко место каде што се врши жито, обично со коњи. Вообичаено гумното се наоѓа на отворено, поретко во затворен простор. Главно е земјено, а во планинските предели може да биде поплочено со камени плочи и опкружено со камено ѕидче. На гумното житото се врши рачно (со вршило) или со стока (коњи, волови, магариња и друго) која може да биде врзана за столб во средината на гумното кој се нарекува стожер.

Историја Гумната имаат древно потекло и не може да се каже кога се појавиле. Им претходеле едноставни широки и долги платформи покриени со глина.

Во 1950-тите и 1960-тите потребата од гумна во Македонија и на Балканот почнува да исчезнува со воведувањето на механизирано комбинирано жнеење, вршење и веење со комбајни.

Гумното како мотив во уметноста „Гумно“ — песна на македонскиот поет Матеја Матевски.Матеја Матевски, Подготовки за патување: избор од поезијата, Македонска книга, Скопје, 1987, стр. 14. „Гумно“ — песна на македонскиот поет Анте Поповски.Анте Поповски, Поезија. Наша книга, Скопје, 1990, стр. 205.

Галерија

Поврзано Жнеење Вршење Веење Стожер

Наводи

Категорија:Земјоделство