Градиште — населба од доцноантичкото време, сместена на југоисточниот крај од селото Градец, на падините од височинката Гавран. На површина од 3-4 декара има фрагменти од керамички садови, питоси, покривни ќерамиди и друг градежен материјал.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
Поврзано Бедеш — средновековна населба; Виничка Река — населба од доцноантичко време; Градец — депо на монети од средниот век; и Клисе Баир — некропола и могили од римско време.
Наводи
Категорија:Градец (Виничко)