Цитизинот, е алкалоид кој во природата се среќава во неколку растителни родови, како Laburnum и Cytisus во фамилијата Fabaceae. Се користи за откажување од пушењето. Неговата молекуларна структура покажува сличности со никотинот и има слични фармаколошки ефекти. Како и варениклинот, цитизинот е делумен агонист на никотинските ацетилхолински рецептори (nAChRs). Цитизинот има краток полуживот од 4,8 часа, и брзо се елиминира од организмот.

Наводи

Категорија:Алкалоиди Категорија:Бугарски пронајдоци Категорија:Растителни токсини