Ревматична полимијалгија (РП) или ревматска полимијалгија — синдром што се одликува со болка или вкочанетост, вообичаено во вратот, рамената, надлактиците и колковите, но може да се појави низ целото тело. Болката може да биде ненадејна или да прогредира во текот на одреден период. Повеќето поединци со РП се разбудуваат со мускулна болка; сепак има случаи во кои болката се јавува навечер или имаат болка и вкочанетост преку целиот ден.

Лицата со ревматична полимијалгија исто така можат да имаат и темпорален артеритис, воспаление на крвните садови на лицето кое може да предизвика слепило ако не биде брзо третирано. Болката и вкочанетоста може да резултираат со намален квалитет на живот, и да доведат до депресија. Ревматичната полимијалгија често се разгледува во асоцијација со темпоралниот артеритис.Questions and Answers about Polymyalgia Rheumatica and Giant Cell Arteritis . NIH: National Institute of Arthritis and Musculoskeletal and Skin Diseases. (April 2015). Се смета дека тригер фактор може да биде вирусна или бактериска инфекција или траума, но секако генетиката е исто така фактор за развој на болеста. Лицата со северноевропско потекло имаат поголем ризик од развој на болеста. Не постои лабораториски тест за потврдување на болеста, но C-реактивната белковина (CRP) и седиментацијата на еритроцитите можат да бидат од корист.

Третманот на РП вклучува кортикостероиди земени перорално. Кај повеќето пациенти третманот трае две до три години.

РП за првпат била регистрирана како посебна болест во 1966 во приказ на случај на 11 пациенти од болницата Маунт Синај во Њујорк. Името го добила од грчкиот збор Πολυμυαλγία полимијалгија, што значи „болка во повеќе мускули“.

Знаци и симптоми Широк спектар на симптоми можат да укажат дека лицето има ревматична полимијалгија. Класичните симптоми вклучуваат:

Болка и вкочанетост (умерена до јака) во вратот, рамената, надлактиците и колковите, кои ја намалуваат физичката активност, особено рано наутро/после спиење. Болката може да биде лимитирана само на една од овие зони. Замор и губиток на апетит (што може да доведе до губиток на телесна тежина) се исто така индикативни за ревматична полимијалгија. Анемија Симптоми слични на грип. Понекогаш е присутна и блага треска или абнормална телесна температура. Кај повеќето луѓе, се одликува со константен замор, слабост и понекогаш исцрпеност.

Околу 15 % од луѓето дијагностицирани со ревматична полимијалгија исто така имаат и темпорален артеритис, и околу 50% од луѓето со темпорален артеритис имаат ревматична полимијалгија.

Епидемиологија Не постојат предуслови кој поединец ќе развие ревматична полимијалгија, но некои фактори покажуваат поврзаност со заболувањето. Обично, РП се јавува само кај лица над 50 години. Просечната возраст на пациентите со РП е околу 70 години. Жените имаат двапати поголема веројатност од развој на РП. Околу 50 % од лицата со темпорален артеритис исто така имаат и ревматична полимијалгија.

Наводи

Надворешни врски

Questions and Answers about Polymyalgia Rheumatica and Giant Cell Arteritis  - US National Institute of Arthritis and Musculoskeletal and Skin Diseases

Категорија:Мускулоскелетни заболувања