Суперкуп на Франција 2017 било 22-ро издание на Суперкупот на Франција. Во натпреварот се натпреварувале победникот на Лига 1 2016-2017 Монако и победникот на Купот на Франција 2016-2017 Париз Сен Жермен. Натпреварот се одиграл на Стад де Тангер во Тангер, Мароко.

Париз Сен Жермен биле бранители на титулата од последните 4 изданија, а на последното издание во 2016 кое се одиграло во Австрија го победиле Лион со 4–1.

Париз Сен Жермен го победил Монако со 2–1 и го освоил Суперкуп на Франција 2017, што била нивната седма титула во ова натпреварување. Стрелци за ПСЖ биле Дани Алвес и Адријан Рабио, кој му донеле пресврт на својот тим откако најпрво Монако повел со голот на Џибрил Сидибе.

Натпреварот Преглед Џибрил Сидибе го отворил резултатот постигнувајќи гол за Монако во 30-тата минута истрчувајќи сам пред голманот Алфонс Ареола кој го совладал со лоб-удар надвор од шеснаесеттникот со десната нога. ПСЖ возвратил во второто полувреме, поточно во 51-вата минута кога Дани Алвес со прекрасен гол од слободен удар од преку 23 метри изедначил на 1-1. Победничкиот гол го постигнал Адријан Рабио во 63-тата минута со удар со глава од пет метри по центаршутот на Дани Алвес.

Детали

GK 1 Даниел СубашиќRB 38 Алмами ТуреCB 25 Камил Глик CB 5 ЖемерсонLB 4 Теренс Конголо RM 19 Џибрил Сидибе CM 17 Јури ТилемансCM 2 Фабињо LM 27 Тома ЛемарCF 9 Радамел Фалкао CF 10 Килијан Мбапе Замени:GK 16 Диего БенаљоDF 6 ЖоржеDF 24 Андреа РаџиMF 8 Жоао МутињоMF 12 Алан Сен-Максиман MF 20 Рони Лопес FW 11 Гвидо Карилјо Тренер: Леонардо Жардим GK 16 Алфонс АреолаRB 12 Томас МениеCB 5 МаркињосCB 2 Тијаго Силва LB 20 Лајвин КурзаваCM 6 Марко Верати CM 8 Тијаго Мота CM 25 Адријан РабиоRF 32 Дани АлвесCF 9 Единсон КаваниLF 10 Хавиер Пасторе Замени:GK 1 Кевин ТрапDF 3 Преснел КимпембеMF 14 Блез Матуиди MF 18 Џовани Ло СелсоMF 24 Кристофер Нкунку FW 15 Гонсало Гуедес FW 22 ХесеТренер: Унаи Емери

Играч на натпреварот: Дани Алвес (Париз Сен Жермен)

Помошни судии: Хишам Аит Абу Ласен Азгау Чевтрти судија: Адил ЗуракПравила 90 минути. Пенали ако резултатот е нерешен. Седум именувани замени, од кој најмногу три можат да бидат искористени.

Екипа победник Победник на Суперкупот на Франција 20177. титула

Наводи

Надворешни врски

2017 Категорија:Натпревари на ФК Монако Категорија:Натпревари на ФК Париз Сен Жермен