Кеплер-32 — ѕвезда црвено џуџе на главната низа на растојание од 1.070 светлосни години од Земјата, во соѕвездието Лебед. Забележана во 2012 година од страна на вселенското летало Кеплер, има маса од 0,58 ± 0,05 сончеви маси (), полупречник од 0,53 ± 0,04 сончеви полупречници () и температура од 3.900 K, со што е половина од масата и полупречникот на Сонцето, две третини од температурата и 5% од сјајноста. првично се сметало дека има најмалку две потврдени планети, помалата Кеплер-32b, која орбитира со период од 5,90124 денови, и Кеплер-32c со орбитален период од 8,7522 денови. Во април 2013 година, со методот на премин се потврдени уште три нови планети во системот. Сепак, пресметаната маса на овие планети е со очекувана голема грешка.

Планетарен систем

Наводи

Шаблони

Категорија:Лебед (соѕвездие) Категорија:Црвени џуџиња 32 Категорија:Планетарни системи со пет потврдени планети Категорија:Променливи ѕвезди поради планетарни премини Категорија:2MASS-објекти Категорија:Црвени џуџиња од главната низа Категорија:Планетарни системи со три потврдени планети