Црна крива и црвена допирка|мини Допирка или тангента ( - допира) — права во геометријата која во дадена точка допира крива. Пример за допирки се железничките шини, кои тркалата на возовите ги допираат во по една точка. Допирката и кривата во точката на допир имаат ист правец.

Во случај на круг, сите прави во иста рамнина можат да бидат пресечки, допирки или пасанти – зависно од тоа дали со кружницата имаат две, една или ниедна заедничка точка. Допирката на кружница е нормална на полупречникот кој одговара на точката на допир.

За дадена крива на реална функција , допирката во точката претставува правец кој има ист наклон како и функцијата. Тој наклон претставува први извод на функцијата во точката , кој се запишува како . Оттука, апроксимираната вредност во околината е:

.

Допирката е најприближна линеарна апроксимација на функцијата во точката на допир :

за

Диференцијална геометрија Математичката крива е дефинирана во реалниот интервал со функцијата . Нека (са ) е една точка на кривата. Тогаш првиот извод на функцијата во точката (исто така ) се нарекува вектор на допирката.

Наводи

Надворешни врски

Tangent to a circle With interactive animation Tangent and first derivative — An interactive simulation

Категорија:Геометрија Категорија:Диференцијална геометрија Категорија:Математичка анализа Категорија:Елементарна геометрија Категорија:Аналитичка геометрија Категорија:Зборови што ги нема во ТРМЈ