Основно училиште „Јоаким Крчовски“ (официјално: Подрачно основно општинско училиште „Јоаким Крчовски“ - Станци; скратено: ПООУ „Јоаким Крчовски“) — подрачно основно училиште во селото Станци, составен дел на истоименото училиште од градот Крива Паланка.
Училиштето е именувано по првиот македонски просветител Јоаким Крчовски.
Местоположба
Објектот на училиштето се наоѓа во селото Станци.
Настава
Во училиштето се изведува настава од прво до петто одделение и наставата се изведува единствено на македонски наставен јазик.
Наводи
Категорија:Основни училишта во Општина Крива Паланка Станци Категорија:Станци