Свети Атанасиј — главна селска црква во селото Лознани. Црквата е сместена во крајниот источен дел од селото, непосредно од десната страна на патот кој продолжува до Новоселани.

Историја Црквата е изградена во 1860 година, била доградувана во 1900 година и обновена во 1926 година.„Лознани “. Мој Роден Крај.

Архитектура Градбата на црквата има правоаголна основа со полукружна апсида на источната страна. Во продолжение на западната страна е дограден објект чиј влез е сместен на јужната страна. Главниот објект на црквата е изграден од варовник и е покриен со крод од ќерамиди.

Во дворот на црквата се наоѓаат камбанаријата, базен за верски обреди и селските гробишта. Камбанаријата има квадратна основа, изградена е од тули и се издига јужно од црквата.

Галерија

Поврзано Лознански манастир Црква „Св. Кирил и Методиј“ - Лознани Лознани Преспанско-пелагониска епархија Битолско архијерејско намесништво Ивањевска парохија

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Лознани Лознани