Свети Никола — главна селска црква во селото Ношпал. Црквата е сместена во крајниот јужен дел од селото.
Историја Црквата била изградена во 1865 година.
Архитектура Градбата на црквата има правоаголна основа со многуаголна апсида на источната страна. Влезот е сместен на западната страна, а над него има ниша со натпис на грчки јазик, додека над нишата има отвор во кој е испишана 1858 година. На западната страна над влезот има уште еден натпис на грчки јазик. Од десната страна на влезот има камен споменик. Објектот е изграден од варовник и е покриен со кров од ќерамиди.
Во дворот на црквата се сместени помошен објект, базен за верски обреди и селските гробишта.
Галерија
Поврзано Ношпал Св. Никола — археолошко наоѓалиште Црква „Св. Петка“ - Ношпал Преспанско-пелагониска епархија Битолско архијерејско намесништво Беранечка парохија
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Ношпал Ношпал