мини|лево|32 Лебед

32 Лебед (Омикрон2 Лебед, ο2 Лебед) — ѕвезда во соѕвездието Лебед. Таа е четврта сјајна ѕвезда што може да се види со голо око под значително темно небо. Паралаксата дава проценето растојание од 1.100 светлосни години (320 парсек) од Земјата. Меѓутоа, Шредер и други (2007) наведуваат дека вистинската вредност, може да е 1.174 светлосни години (360 парсек). Иако се води како двојна ѕвезда со делови кои не можат да се забележат одвоено, има две ознаки во каталогот „Хенри Дрејпер“, со идентична сјајност и позиции, но покажуваат спектрален вид на два дела.

Бајеровото означување ο (омикрон) било различно користено на две или три од ѕвездите 30, 31 и 32 Лебед. 32 Лебед била означена, различно, како ο2 или ο3 Лебед — затоа, за појасно, се претпочита да се користи Флемстидовото означување 32 Лебед.

Првиот дел од овој систем, 32 Лебед А, има ѕвездена класификација K5 Iab, што означува дека е суперџин. Неговата делотворна температура од 3.840 K се наоѓа во рангот на портокаловите суперџинови, што му дава портокалова нијанса. Оваа ѕвезда има четири пати повеќе маса од Сонцето и надворешноста се шири околу 184 пати од Сончевиот полупречник. Испушта 6.600 пати од сјајноста на Сонцето.

Придружникот, 32 Лебед B, е помала од првата, со четири пати од Сончевата маса и трипати од Сончевиот полупречник. Има поголема делотворна температура од 16.200 K и испушта околу 300 пати повеќе од Сончевата сјајност. Оваа ѕвезда има синобела нијанса во главната низа.

Двете ѕвезди создаваат систем на еклиптичка двојка (означување на променливи ѕвезди: V1488 Cyg) слично на Алгол. Орбиталната рамнина на двете ѕвезди е скоро израмнето со видливата линија од Земјата, така што џинот се затемнува со вториот дел еднаш по орбита. Во текот на затемнувањето, може да се видат оддавни линии во спектарот на овој систем. Овие потекнуваат од ѕвездениот ветер од џинот. Околу синобелата ѕвезда, ветерот е јонизиран. Џинот губи маса со стапка од повеќе од масата на Сонцето по година, или колку масата на Сонцето на секои 77 милиони години.

Каталогот за двојни ѕвезди Вашингтон и каталогот на составници на двојни и повеќекратни ѕвезди го впишуваат придружникот оддалечен 208". Оваа ѕвезда е осма со сјајност под А класа HD 192933.

Наводи

Категорија:Лебед (соѕвездие) Лебед, Омикрон2 Лебед, 32 Категорија:Алголски променливи ѕвезди Лебед, V1488 7751 192909 099848 BD+47 3059 Категорија:Портокалови суперџинови Категорија:Ѕвезди од главната низа од типот B