Тојота Ајго (Toyota Aygo) – мал автомобил што го произведува јапонската фабрика за автомобили Тојота во соработка со групата ПСА. Се произведува од 2005 година до денес.
Прва генерација (2005-2014)
Во 2001 година Тојота и групата ПСА одлучиле да направат мал заеднички автомобил за да ги намалат трошоците за развој. Ситроен, Пежо и Тојота на саемот на автомобили во Женева претставиле готово три идентични мали автомобили од А-сегментот: Тојота Ајго, Ситроен Ц1 и Пежо 107. Биле развиени на заедничка платформа и сите три се произведувале во иста фабрика во Колин, во Чешка.
Ајго, 107 и Ц1 ја делат основната платформа, но веќе на прв поглед видливо е дека дизајнерите за поедините марки одлично ја завршиле работата и ги поврзале овие автомобили со автомобилите од својата марка. Сите три возила се долги околу 3,4 метри, широки 1,6 метри и високи околу 1,4 метри. Возилата биле наменети за 4 лица и имало модели со 3 и 5 врати. Овие штедливи возила поседувале напредни технологии во поглед на безбедноста и заштитата на околината. Производниот капацитет на погонот била 300.000 возила годишно, по 100.000 од секој автомобил. Продажбата почнала во јули 2005 година
Тојота Ајго двапати, во исто време со Пежо и Тојота, во 2009] и 2012 година, извршила редизајн на автомобилот.
Мотори
Модел Зафатнина Цилиндри/вентили kW/КС НапоменаБензин 1,1i 996 cm³ 3/12 51 kW / 68 КС Дизел 1,4 HDi 1398 cm³ 4/8 40 kW / 55 КС
Галерија
Втора генерација (2014-2021)
На саемот за автомобили во Женева во 2014 година, Тојота го претставила новиот изглед, комплетно редизајнирана верзија на Ајго, која била конструирана во фабриката на Тојота и Пежо во Колин, Чешка. Дизајнот ѝ се припишувал на јапонската младешка култура инспирирана од роботот Астро Бој и јајце во кутија, и целта на Ајго била да биде попристапен на младите возачи и да овозможи поголемо ниво на корисничка адаптибилност. Нејзиното производство почнало на 27 мај 2014 година.
Наводи
Надворешни врски
Мрежно место на Ајго Поврзница кон Toyota Peugeot Citroën Automobile
Категорија:Чешки автомобили Категорија:Автомобили на Тојота Категорија:Мали градски автомобили