Пежо 108 () – мал автомобил што го произведува француската фабрика за авгомобили Пежо во соработка со Тојота.
Историјат Пежо 108 бил претставен на саемот на автомобили во Женева во март 2014 година. Дошол како наследник на Пежо 107. Користи иста платформа со Ситроен Ц1 и Тојота Ајго, но сите три модели се одликуваат со различен дизајн. Ц1 и ајго се произведуваат во втората генерација, а името Пежо 107 било укинато. Трите автомобили се произведуваат во Колин во Чешка.
Во предниот дел Пежо 108 стилски се заснова на Пежовите модели од поновите генерации како 208 и втората генерација на 308-ката. Достапен е во верзии со три и пет врати, а како опција се нуди и подвижен платнен кров. Пежо 108 може да биде погонуван со еден од двата трицилиндрични бензински мотори кои се нудат, од 1000 и 1200 кубици.
На креш тестовите на Euro NCAP во 2014 година, Пежо 108 добил четири од петте можни ѕвездички за безбедност.
Галерија
Наводи
Надворешни врски
Пежо 108
Категорија:Автомобили Категорија:Автомобили на Пежо Категорија:Мали градски автомобили