Даутли (, Амбелохори; до 1926 г. Δαουτλή, ДаутлиΜετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Δαουτλή -- Αμπελοχώρι) — поранешно гевгелиско село во Егејска Македонија, на територијата на денешната општина Пајонија во областа Централна Македонија, Грција.
Географија Селото се наоѓало северно од градот Ругуновец, на самата границата со Р Македонија јужно од Севендекли и западно од Крастали.
Историја На почетокот на XX век Даутли било турско село во Гевгелиската Каза. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Даутлиј имал 225 жители Турци. По Втората балканска војна во 1913 г. селото било припоено кон Грција, кога имало 272 жители. Како последица од Првата светска војна, во 1920 г. населението се намалило на 128 жители. Турското население во 1924 г. се иселени во Турција по сила на Лозанскиот договор, а на негово место се доведени грчки доселеници од Понд., а во 1926 г. државата го преименува во Амбелохори. Така, во 1928 г. во Даутли се попишани 33 семејства со вкупно 97 жители, сите дојденци. Во пописот од 1940 г. во Даутли се заведени 111 жители. Во 1941 г. добар дел од жителите се преселиле во селото Колиби. Според Симовски, селото продолжило да постои сè до 1951 г. кога преостанатите 60 жители се иселиле во кукушкото село Севендекли, каде се прибрале и жителите од неколку околни села, сместувајќи се во новоизградени државни станови.
Наводи
Категорија:Историски села во Пајонија (општина) Категорија:Гевгелиски села