Ѓорѓи Андонов (1862-1933) — македонски зограф.

мини|десно|Пасторала, 1915 Роден е во 1862 година во село Гари. Потекнува од познатото семејство зографи, Ангелковци кои претежно се занимавале со живописување на цркви и манастири во Македонија. Податоци за работата на родот Ангелковци наоѓаме кон крајот на XVIII и почетокот на XIX век. Димитар Андонов (1856-1934), Ѓорѓи Андонов (1862-1933) и Нестор Андонов (1866-1926) се синови на зографот Андон Петров кои работеле иконопис и живопис во цркви во Прилепско, Кавадаречко и Мариово. Во 1891 година ја живописале црквата Св. Спас во село Кален, а нешто подоцна и црквата Вознесение Христово во прилепското село Долнени. Ѓорѓи Андонов заедно со неговиот брат Димитар по покана на битолскиот владика по 1921 година работеле на обнова на живописот во црквите во Прждево и Долна Драчевица.

Избрани дела

Родословие

Категорија:Македонски зографи Категорија:Ангелковци (гарски род) Категорија:Претставници на Дебарската школа