Квартар е најмладиот геолошки период од кенозоиската ера во геолошката временска скала како што е дефинирано од страна на Меѓународната комисија за стратиграфија. Овој период започнал со крајот на ерата на Плиоценот, односно со крајот на неогенот (период) пред 2,588 ± 0,005 милиони години и продолжува и денес. Во рамките на квартарот се издвојуваат две геолошки епохи: плеистоценот, од пред 2,588 милиони години до пред 11,7 илјади години и холоценот од пред 11,7 години, при што холоценот продолжува до ден-денес.

Името квартарот (што значи четврто) за првпат се употребило во 1829 година, истражувајќи седиментот во сливот на реката Сена, Франција и во 1839 година. Лејл го воведува името плеистоцен. Германските научници ги користеле термините дилувиум и алувиум. Во 1922 година П. Павлов го воведува поимот антропоген. Неформалниот термин „доцен квартар“ се однесува на последните 0,5-1,0 милиони години.Earthquake Glossary - Late Quaternary U.S. Geological Survey

Квартарниот период обично се дефинира со цикличен раст и распаѓање на континенталните ледени плочи поврзани со циклусите на Миланковиќ придружни од климатски и еколошки промени што се случиле.

Појава на човекот Ова е време кога се појавуваат предците на денешните луѓе. (Се смета дека за време на терциерот, пред околу 50 милиони години, се појавил адапис, 40-35 милиони - некролемур, 35-30 милиони - бранисела, а Австралопитет се појавил во ерата на Плиоценот)

За време на долниот плеистоцен (помеѓу 1,87 милиони години и 730 000 година) се јавува Хомо хабилис, проследено со Хомо еректус. За време на средниот плеистоцен (730.000-128.000) архаичен Хомо сапиенс . Хомо неандерталезис датира од горниот плеистоцен (околу 100 000 година). Хомо сапиенс сапиенс (најблизок до денешниот човек) се јавува пред околу 40 000 години.

Датирање Постојат неколку методи за датирањето на кватернерот:

утврдување на односот на кислород изотоп на фосилни лушпи ( фораминифера, коколитофорити . . . ) K40 / A40 радиометриски метод ( калиум / аргон ), добро за датирање од раниот плеистоцен до 200.000 години. Постои празнина за периодот од пред 200 000 години до пред 40 000 години. јаглерод изотоп метод C-14 (органски супстанции, до 40 000 години)

Животот за време на квартарот

Кватернерна флора Ледничка (борна) флора - мочуришна вегетација на тундрата, на надморска височина, цветни грмушки чело со „бореалната роза“ ( ), поларна врба ( ) и бреза ( ) Јужно од тундрата се моховисните и тревни степи, а уште појужно - шумскиот појас. Топлите терцијарни реликти после ледениот период биле зачувани на југот на Кавказ: растат во тропската Сиера Невада и североисточниот регион на Црното Море. Во Алпите во Средна Европа се до пред околу 100.000 години.

Квартерна фауна Мал е бројот на морски мекотели кои изумираат во квартарот. Некои видови ја промениле својата географската дистрибуција, на пр. на крајот на средниот плеистоцен (пред околу 128 000 години), се повлекуваат од Европа преку Дунав до Каспискиот басен.

Цицачи:

шумски слон со вистински мешунки - , (128,000 / 100,000) степски слон ( ) мерков носорог ( ) тур или праговече ( ) коњи ( )

Претставници на ладна клима:

лунасти носорог ( ) ирвас ( ) бизон ( )

Пештерни цицачи:

пештерска мечка ( ) пештерски лав ( ) пештерска хиена ( )

Поврзано

Палеолит

Наводи

Категорија:Геолошки периоди Категорија:Зборови што ги нема во ТРМЈ Категорија:Физичка океанографија Категорија:Физичка географија