Тумба () — поранешно село во Лагадинско, Егејска Македонија, на територијата на денешната општина Лагадина во областа Централна Македонија, Грција.
Географија Селото се наоѓало на западниот брег на Лагадинското Езеро, крај утоката на р. Богдана, а 3 км западно од селото Свети Васил.
Историја Во Отоманското Царство Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Тумба (Toumba) била село со 15 домаќинства од 74 жители Грци.„Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр. 152-153.
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. во Тумба живееле 220 жители, сите Грци христијани.Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 173.
По податоци на секретарот на Бугарската егзаргија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 г. во Тумба (Toumba) имало 210 Грци.Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, pp. 210-211.
Во Грција Согласно Букурешкиот договор во 1913 г. селото е припоено кон Грција. Се смета дека тоа настрадало во Балканските војни бидејќи истата година е заведено како напуштено. Сепак, во текот на тоа десетлетие населбата е обновена, бидејќи 1920 г. во Тумбас се попишани 54 жители. Во 1928 г. населението се намалило на 38 жители, а нешто подоцна населението сосема го напуштило поради маларичноста на тој предел и се преселило во соседното Каваларци.
Поврзано Лагадинско Езеро
Наводи
Категорија:Историски села во Лагадина