Мечот на Осман (турски: Osman'ın Kılıcı) — симбол на моќта на османлискиот султан.
Мечот бил претставуван на церемонијата кога османлискиот султан официјално бил прогласуван за владетел на Отоманското Царство.
Мечот се препишува на основачот на динстијата, Осман I. Практиката е цитирана во белешките на неговиот ментор Шеик Едебали.
Церемонијата со мечот на Осман се одржувала во рок од две недели од доаѓањето на султанот на престолот. Се одвивала во комплексот на Ејуп Султан џамија и поминувал низ Цариград преку воден пат до палатата Топкапи (каде што живеел султанот).
До крајот на 19 век, на немуслиманите им било забрането да влегуваат во џамијата и да бидат сведоци на церемонијата. Првиот што се оддалечи од оваа традиција беше Мехмед V, чија церемонија била отворена за луѓе со различна вера. На 10 мај 1909 година, на церемонијата присуствувале и претставници на сите верски заедници присутни во царството, особено шеик ул-ислам, грчкиот патријарх, главниот рабин и претставник на Ерменската апостолска црква. Фактот дека на немуслиманите им било дозволено да ја видат церемонијата, му овозможило на Њујорк Тајмс да напише исклучително детален извештај за тоа . Братот и наследникот на Мехмед V, Мехмед VI , чија церемонија се одржала на 4 јули 1918 година, отишол уште подалеку дозволувајќи снимање на церемонијата. Бидејќи тој бил последниот владетелски османлиски султан, ова е единствената таква церемонија што некогаш била пуштена на филм.
Наводи
Литература
Категорија:Отоманска облека Категорија:Регалии Категорија:Мечеви