Дремиглава или Дремиглав (, Дримос, до 1927 г. Σιδηροκέφαλον, Сидирокефалон;Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Σιδηροκέφαλον -- Δρυμός до 1926 г. Δρυμίγκλαβα, ДремиглаваΜετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Δρυμίγκλαβα -- Σιδηροκέφαλον) — село во Солунско, Егејска Македонија, денес во општината Даутбал во областа Централна Македонија, Грција. Населението брои 3.659 жители (2011), од кои сите се Македонци, иако од поодамна погрчени.
Географија Селото е сместено во северозападниот дел на Лагадинското Поле, 7 км северно од Ајватово, 8 км северозападно од Лагадина и 15 км северно од Солун. Има неколку маала: Ангел, Платан (Платанус), Метох (Митох), Бари (Барис) и Скини (Скинис).
Историја Во Отоманското Царство Во XIX век Дремиглава било македонско село во процес на погрчување, бидејќи тука уште одамна почнала да работи грчката пропаганда. На самиот почеток на XX век е забележано:
Во 1820 г. попот Димитрис Златанос (Димитар Златановски) во Дремиглава отворил училиште за сиромашни деца. Во 1840 г. со средства на селаните е изградена училишна зграда, обновена во 1876 г. и одново изградена помеѓу 1900 и 1913 г.
Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Дреми глава (Dremi-glava) Дремиглава е „грчко“ (погрчено македонско) село од 182 домаќинства со 771 жител.„Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр. 152 – 153.
Според Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. во Дремиглав живееле живеят 1.300 „Грци“ (погрчени Македонци). По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Дармос (Дреми глава) (Darmos Dremi-Glava) имало 2.000 жители „Грци“ (погрчени Македонци) и во селото работело грчко училиште.Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905, р. 218-219.
Жителите на селото зеле активно учество во Грчката вооружена пропаганда во Македонија.
Според грчкиот пропагандистички просветар Димитриос Сарос во 1906 г. Дремиглава (Δρυμίγκλαβα) било гркојазично село во Солунската митрополија со 2.400 жители со грчка национална свест. Во него работеле шестгодишно грчко училиште и детска градина со 188 ученици и 4 учители.
Во Грција За време на Првата балканска војна во 1912 г. Дремиглава е окупирана од бугарската војска. Селото го посетувале андарти и агитатори, кои ги терале селаните не не ѝ се потчинуваат на бугарската власт.„Военно-исторически сборникъ“, книжка 39, февруари 1939, стр. 171. (В. Карамановъ, бившъ кукушки окрѫженъ управитель – „Страници изъ междусъюзническитѣ отношения въ близкитѣ околности на гр. Солунъ презъ Балканската война 1912/1913 г. Лѫгадинска околия“ По Втората балканска војна во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Истата година тука се попишани 2.162 жители кои во 1920 г. се намалиле на 1.913 лица. Во 1926 г. селото е преименувано во Сидирокефалон, а во 1927 г. во Дримос. На пописот во 1928 г. Дремиглава имала 2.007 жители, и останала етнички непроменета. бидејќи тука власта не биле доселувала грчки колонисти (сметајќи го селото за веќе „грчко“).
Население
Стопанство Во селото се произведува тутун, жито и други земјоделски производи.
Поврзано Лагадинско Поле
Наводи
Надворешни врски Портал на Дремиглав