Свети Константин и Елена — понова селска црква во охридското село Скребатно.
Местоположба
Црквата се наоѓа околу 500 метри пред познатиот Скребатински манастир, сместен високо над селото Скребатно.
Во близина се наоѓа и лековита вода, на која е изградена чешма.
Историја
Камен-темелникот на црквата бил осветен и поставен на 10 септември 1999 година.
Оваа црква била подигната откако на Гоце Лолески од селото му дошло на сон. На сонот, Гоце се нашол на местото каде што е црквата. На патот стоел човек со икона во рацете, кој му ја предал иконата и си заминал.
Архитектура
Црквата има квадратна основа и кубе. Изградена е од делкан камен, травертин.
Фрескоживопис
Црквата не поседува никаков живопис.
Галерија
Поврзано Скребатно Дебарско-кичевска епархија Охридско архијерејско намесништво Седма охридска парохија
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Скребатно Скребатно