Света Недела — понова селска црква во охридското село Скребатно.
Местоположба
Црква се наоѓа на патот до селото Скребатно, на околу еден километар под селото.
Историја
Камен-темелникот на црквата бил осветен и поставен на 20 јули 2004 година.
Црквата била подигната со средства на Борис и Љупчо Шикалоски, кои живеат во градот Охрид, но потекнува од Скребатно. Црквата е изградена по сон на Божа Шикалоска, сопруга на Борис Шикалоски. На сонот нејзиниот дедо ѝ кажал да го побара запоставеното црквиче „Св. Недела“. Постарите мештани на Скребатно се сеќавале на вакво свето место и кога се започнало со копање каде што се наоѓа црквата бил пронајден еден камен со крст.
Архитектура
Црквата е подигната од делкан камен, со впишан крст во вид на тролисна детелина однадвор и кубе. Исто така, поседува и конаци и убаво уреден двор.
Фрескоживопис Фрескоживописот во црквата бил изработен од академскиот сликар Владислав Коцарев.
Иконостас Црквата поседува иконостас.
Галерија
Поврзано Скребатно Дебарско-кичевска епархија Охридско архијерејско намесништво Седма охридска парохија
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Скребатно Скребатно