Резна или Резни (, Антуса; до 1928 г. Ρέζνα, РезнаΜετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Ρέζνα -- Ανθούσα) — село во Населичко, Егејска Македонија, денес во општината Горуша на Кожанскиот Округ во областа Западна Македонија, Грција. Населението брои 15 жители (2021).
Географија Селото е сместено во областа Населица, во источното подножје на планината Горуша. Лежи југозападно од Лапчишта и североисточно од Жупан.
Историја Во Отоманското Царство Од името на селото се гледа дека првично било македонско. Пред потурчувањето селото имало две цркви — „Св. Никола“, подоцна претворена во теќе, и „Св. Тома“ во западниот дел. Во источниот дел на селото се гробиштата, и тука е параклисот „Св. Тома“.
На крајот од XIX век е забележано дека Резна било село во Населичката Каза со мешана вероисповед. Храмот „Св. Тома“ е од 1841 г. Според грчка статистика од 1904 г. во Резна (Ρέζνη, Резни) живееле 150 гркојазични Грци-христијани и 150 Валахади (Грци-муслимани).Σπανός, Κωνσταντίνος. "Η απογραφή του Σαντζακίου των Σερβίων", in: "Ελιμειακά", 48-49, 2001. Поради отсуството од други негрчки статистики и пристрасноста на грчките, исправноста на податокот за народноста не е утврдена со сигурност.
Во Грција По Балканските војни во 1913 г. Резна е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Истата година во него се попишани 390 жители, а во 1920 г. имало 380. Муслиманското население е иселено во Турција согласно Лозанскиот договор, а на негово место во 1920-тите се доселени грчки колонисти од Турција. Во 1928 г. селото имало 241 жител, од кои 130 лица (35 семејства) биле дојденци. Истата 1928 г. името на селото е сменето во Антуса, што значи „процутно“.
Во 1940 г. населението достигнало 315 жители, но потоа почнало да опаѓа и истото се намалува до денес.
Во 1923 г. на местото на стариот манастир „Св. Илија“ е изграден мал храм со истото име (Αί-Λιά). Оваа црквичка е уништена во Грчката граѓанска војна и обновена во 1968 г.
Население
Стопанство Населението произведува жито, тутун и други земјоделски производи. Во помала мера е застапено и сточарството.
Поврзано Населица
Наводи
Категорија:Горуша (општина)