Печани (, Тријада; до 1928 г. Πέτσιανη, ПецјаниΜετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Πέτσιανη -- Τριάδα) — село во Населичко, Егејска Македонија, денес во општината Горуша на Кожанскиот Округ во областа Западна Македонија, Грција. Населението брои 11 жители (2021).

Географија Селото е сместено во областа Населица, околу 25 км југозападно од гратчето Лапчишта и 15 км западно од Цотил. Лежи приближно 4 км северно од патот што води за Коница и Јанина.

Историја Во Отоманското Царство Од името на селото се гледа дека првично било македонско. На крајот на ХІХ век Печани се води како грчко село во Населичката Каза.

Печани е едно од малкуте населени места испуштени во бугарските статистики на Васил К’нчов и Димитар Мишев од почетокот на XX век.

Според статистиката на грчкиот конзулат во Еласона во 1904 г. во Печани (Πέτσιανη) живееле 120 Грци христијани.Σπανός, Κώστας. "Η απογραφή του Σαντζακίου των Σερβίων", in: "Ελιμειακά", 48-49, 2001. Поради отсуството од негрчки извори и пристрасноста на грчките, податокот за народноста не може да се утврди со сигурност.

Во Грција По Балканските војни во 1913 г. Печани е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Истата година во него се попишани 177 жители, кои во 1920 г. се намалиле на 112 лица.

Во 1928 г. во селото живееле 132 лица. Истата година македонското име му е сменето во Тријада, што значи „Троица“. Во 1940 г. населението броело 144 жители, но потоа почнало да опаѓа. Особено почнало да се празни во 1960-тите поради масовното иселување во градовите и продолжило во тој правец до денес.

Население

Стопанство Населението произведува жито, компири и други земјоделски производи. Во помала мера е застапено и сточарството.

Поврзано Населица

Наводи

Категорија:Горуша (општина)