Пештера Ѓатло е пештера која се наоѓа на Коритска висорамнина, под врвот Кобиља глава, Општина Гацко, Република Српска, БиХ. Пештерата Ѓатло претставува подземен објект со најразгранети канали во Република Српска кои се развиени во три нивоа. Каналите се фосилни остатоци од некогашен воден тек. Должината на пештерата е 1.970 метри. Пештерата Ѓатло е под заштита на Републичкиот завод за заштита на културно историското и природното наследство на Република Српска од 2013 година како споменик на природата.Републички завод за заштиту културно историјског и природног насљеђа Републике Српске: Одлука о заштити.

Особености Пештерата се состои од повеќе канали развиени во различни нивоа кои се меѓусебно споени со вертикални канали. Се издвојуваат: Главен канал или Канал на Антонијо Лазиќ, Скриен канал, I канал со исушени бигрени кади, II канал со бигрени кади, Канал на исушена подземна риека, III канал со бигрени кади, Австриски канал, Централна вертикала и Вертикала на перспектива. Вкупна должина на пештерските канали изнесува 1 970 метриа а вертикалната разлика помеѓу влезот и најниската точка изнесува 111 метри.

Ѓатло е карактеристичен по голем број на бигрени кади, како и акумулативни форми во Каналот на исушената подземна река кој е најдолг канал во целиот систем.

Поврзано Пештери во Република Српска Републички завод за заштита на културно историско и природно наследство на Република Српска

Галерија

Надворешни врски Завод за заштиту културно историјског и природног насљеђа Републике Српске: Заштита спелеолошких објеката Републике Српске

Наводи

Категорија:Општина Гацко Категорија:Пештери во Република Српска Категорија:Природни добра во Република Српска