Бјорг Ламбрехт (; — ) — белгиски професионален друмски велосипедист, кој возел за UCI World Tour екипата .

Во август 2018 година бил именуван во почетниот состав за Вуелта а Еспања 2018. Починал на 5 август 2019 година при пад во бетонски канал при третата етапа на Трката околу Полска 2019.

Ран живот и семејство

Ламбрехт живеел во белгискиот град Кнеселаре, сместен помеѓу Брухе и Гент. Се родил во семејството на Курт и Анје Ламбрехт и имал сестра, Брит.

Кариера

Во 2015 година, Ламбрехт станал национален јуниорски првак, претекнувајќи ги Глен ван Нуфелен и Стејн Голертс, кои завршиле втор и трет, соодветно.

Во 2016 година предизвикал изненадување кога ја освоил воведната етапа на Ронд де л’Изар. На завршната етапа бил испратен во погрешна насока од страна на организаторите на трката. Жирито ја признало грешката и така Ламбрехт станал трет Белгиец, кој ја освоил трката по Јаник Ејсен (2010) и Луј Вервеке (2014). Две недели подоцна, Ламбрехт учествувал на Гран при Присниц Спа со белгискиот состав. Тука успеал да го освои последниот круг, со завршница на калдрмата во Јесеник, со водство од неколку секунди.

На почетокот на 2017 година, ја освоил трката Лиеж-Бастоњ-Лиеж под 23 години поразувајќи ги другите тројца членови на бегството во спринт. Подоцна, истата година завршил петти на трката Флеш Арденес, втор во завршниот пласман на Ронд де л’Изар, осми на Трката Јура, освоил етапа и завршниот пласман на Гран при Присниц Спа и завршил втор во генералните пласмани на Тур де Савоја Мон-Блан, Џиро дела Вале д’Аоста и Тур де л’Авенир.

Во 2018 година, Ламбрехт станал професионалец со . Во 2019 година го забележал неговиот најголем резултат како професионалец, завршувајќи четврти на Флеш Валон. Во април истата година, потпишал двегодишен договор со .

Смрт

Ламбрехт паднал во бетонски канал при третата етапа на Трката околу Полска 2019. Причината за падот е непозната и немало вклученост на други возачи. Бил однесен во болница во Рибник со амбулантно возило, но починал при операцијата. Од почит кон Ламбрехт, четвртата етапа на трката била неутрализирана, дозволувајќи им на возачите да му оддадат чест. Останатите членови на екипата ја предводеле главната група во првиот дел на трката до 48. километар, каде Ламбрехт паднал претходниот ден, каде групата застанала и бил одржан молк. На 7 август 2019 година, докторот на екипата , Мартен Мејрхеге, изјавил во изјава за печатот дека смртта на Ламбрехт била предизвика од „големо кинење на неговиот црн дроб што предизвикало внатрешно крвавење и срцев удар“.

Ламбрехт бил погребан на 13 август 2019 година во црквата во неговиот роден град Кнеселаре. Стотици присуствувале на погрегот, вклучувајќи многумина поранешни колеги од , а некои од нив го носеле ковчегот до црквата. На 11 август била одржана една минута молк пред Европското друмско првенство 2019 во чест на Ламбрехт. На 25 август била одржана уште една минута молк пред втората етапа на Вуелта а Еспања, прва голема трка на која Ламбрехт требало да настапи.

Достигнувања

2015 1. 20п Национално јуниорско друмско првенство Три дена Ван Аксел 1. 20п Планински пласман 1. Етапа 4 2. Краен пласман Трка околу Горна Австрија за јуниори 1. 20п Планински пласман 3. Краен пласман ГП Женерал Патон 1. 20п Планински пласман 3. Трофео Емилио Паганеси 3. Ла Филип Жилбер јуниори 4. Краен пласман Трофео Карлсберг 2016 1. 20п Краен пласман Ронд де л’Изар 1. 20п Бодовен пласман 1. 20п Пласман за млад возач 1. 20п Планински пласман 1. Етапа 1 2. Европско друмско првенство под 23 години 3. Џиро ди Ломбардија за млади 4. Флеш Арденес 4. Краен пласман Мировна трка У23 1. Етапа 3 10. Краен пласман Тур де Савоја Мон Блан 10. Краен пласман Џиро дела Вале д’Аоста 2017 1. 20п Краен пласман Мировна трка У23 1. 20п Бодовен пласман 1. Етапа 2 1. Лиеж-Бастоњ-Лиеж за млади 2. Краен пласман Џиро дела Вале д’Аоста 1. 20п Бодовен пласман 2. Краен пласман Ронд де л’Изар 1. Етапа 3 2. Краен пласман Тур де Савоја Мон Блан 2. Краен пласман Тур де л’Авенир 5. Флеш Арденес 8. Краен пласман Тур ду Јура 1. 20п Пласман за млад возач 10. Краен пласман Сиркут де Арден 2018 2. 15п Светско друмско првенство под 23 години 2. Краен пласман Трка на Фјордовите 1. 20п Пласман за млад возач 1. Етапа 3 2019 1. 20п Пласман за млад возач Критериум ди Дофине 4. Флеш Валон 5. Брабантсе Пејл 6. Амстел Голд Рејс

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Родени во 1997 година Категорија:Починати во 2019 година Категорија:Белгиски велосипедисти