Ана Стојановска (Скопје, ) — македонска театарска, филмска и телевизиска глумица.

Животопис Ана Стојановска е родена на 29 јули 1988 година во Скопје како ќерка на македонските глумци Силвија и Ненад Стојановски. Нејзина постара сестра е глумицата Јана Стојановска. По мајка е внука на познатиот македонски глумец Ацо Јовановски. Дипломирала на Факултетот за драмски уметности при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, на отсекот Глумечка игра, во класата на професорите Кирил Ристоски и Зоја Бузалковска во 2010 година. Вработена е во Македонскиот народен театар од 2013 година.„Ана Стојановска “. Македонски народен театар.

Театрографија Вампирката — „Дракула“ од Дејан Дуковски, р. Срѓан Јаниќијевиќ, МНТ, 2008; Грејс Станер — „Гнев“ од Стивен Кинг, р. Зоја Бузалковска, Факултет за драмски уметности - дипломска претстава, 2010; Слугинката — „Вртелешка“ од Артур Шницлер, р. Оливер Мицевски, Продукција ХИ-ФИ; Беба — „Грев или шприцер“ од Сашко Насев, р. Деан Дамјановски, Драмски театар - Скопје, 2011; Етјен — „Подемот и падот на кабарето“ од Артур Шницлер, р. Владимир Милчин, МНТ, 2013; Хела — „Мајсторот и Маргарита“ од Михаил Булгаков, р. Иван Поповски, МНТ, 2015; Ени, Кити — „Чикаго“ од Фред Еб и Боб Фос, р. Наташа Поплавска, МНТ, 2015; Клајковица, Чуле — „Силјан штркот шанца“ од Дејан Дуковски, р. Срѓан Јаниќијевиќ, МНТ, 2016; Глумицата — „Говорна мана“ од Горан Марковиќ, р. Драгана Милошевска-Попова, МНТ, 2017; Мари-Терез Валтер — „Госпоѓиците од Авињон“ од Сашо Димовски, р. Ненад Витанов, МНТ, 2018; Катја, слугинка — „Еден месец на село“ од Иван Сергеевич Тургенев, р. Паоло Маџели, МНТ, 2018; Вештерка 2 — „Макбет“ од Вилијам Шекспир, р. Нела Витошевиќ, МНТ, 2019.

Филмографија

Година Филм Улога 2007 Превртено ТВ-филм Првата девојка 2009 Бунило ТВ-филм Ена 2010 Од денес за утре ТВ-серија Калина 2010 Мајки ТВ-филм Ана 2012 Вера, љубов и виски ТВ-филм Нели 2012 Скопје ремикс ТВ-филм Ана 2012 Ефект Пепелашка ТВ-филм Парти Геор 2013 Само кажувам ТВ-филм Александра Ивановска 2013 Тврдокорни ТВ-серија Учителката Василка 2013 Материјал за аудиција ТВ-филм Лина 2015 Збор ТВ-филм Нана 2016 Ослободување на Скопје ТВ-филм Преведувач во кафеана 2017 Без љубов ТВ-филм 2017 Инсајдер ТВ-серија Антонија 2017 Бушави глави ТВ-серија Ана 2018 Сонуваат за крв и душа ТВ-филм Пандора 2019 Ефектот на Среќа ТВ-филм Ана 2019 Преспав ТВ-серија Хелена 2020 Глас на светлината ТВ-филм Касиа 2020-2021 Црномурески ТВ-серија 2022 Кајмак ТВ-филм Виолетка 2023 Скриптата ТВ-филм 2023-2025 Радиус ТВ-серија Ана 2025 Мизантроп ТВ-филм 2025 Остров ТВ-филм Тина 2026 17 ТВ-филм Невена

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Живи луѓе Категорија:Глумици од Скопје Категорија:Македонски театарски глумци Категорија:Македонски телевизиски глумци Категорија:Македонски филмски глумци Категорија:Глумци во Македонскиот народен театар Категорија:Апсолвенти на Факултетот за драмски уметности - Скопје Категорија:Луѓе со потекло од Струмица