Трка околу Калифорнија 2019 — 14. издание на велосипедската етапна Трка околу Калифорнија, која се одржала помеѓу 12 и 18 мај како дваесет и четврти настан во сезоната на Светската турнеја.
Била освоена од младиот Словенец, Тадеј Погачар.
Екипи
Како нов настан од Светската турнеја, сите осумнаесет UCI World Tour екипи биле автоматски поканети, но не биле обврзани да учествуваат на трката.
Со тоа, дванаесет од осумнаесетте екипи настапиле на трката. На пет професионални континентални екипи им биле доделени специјални покани за трката, а учествувала и националната екипа на САД. Со тоа, главната група била составена од 18 екипи.
Рута
Етапи Етапа 1
Етапа 2
Етапа 3
Етапа 4
Етапа 5
Етапа 6
Етапа 7
Завршен пласман
Поредок
На Трката околу Калифорнија биле доделувани пет различни маички. За генералниот пласман, пресметуван преку додавање на завршното време на секој велосипедист по секоја етапа и временски бонуси за првите тројца на средните спринтови и на завршницата на етапите, предводникот ја добивал жолтата маичка. Овој пласман се сметал за најважен на Трката околу Калифорнија и победникот на пласманот се сметал за победник на трката.
Дополнително, постоел спринтерски пласман, каде се доделувала зелената маичка. Во спринтерскиот пласман, велосипедистите добивале бодови доколку завршиле меѓу првите десет на етапите. За освојување на етапата, возачот добивал 15 бода, 12 бода за второпласираниот, 9 за третиот, 7 за четвртиот и по еден бод помалку сѐ до 1 бод за десеттото место. Бодовите за пласманот можеле да се освојат (сооднос 3-2-1) и на средните спринтови во текот на етапите; овие средни спринтови исто така нуделе бонус секунди за генералниот пласман. Постоел и планински пласман, каде што водството било обележано со бела маичка со црвени точки. Во планинскиот пласман, бодовите биле освојувани на врвот на искачувањето пред другите велосипедисти, при што повеќе бодови имало на повисоко категозираните искачувања.
Четвртата маичка го претставувала пласманот за млад возач, обележан со белата маичка. Пласманот бил одлучуван на истиот начин како генералниот пласман, но можеле да се натпреваруваат само возачи родени по 1 јануари 1994. Исто така, постоел екипен пласман, каде биле додавани времињата на најдобрите тројца велосипедисти од секоја екипа по секоја етапа; водечка екипа на крајот на трката била екипата со најмало вкупно време. Исто така, постоела и награда за борбеност доделувана по секоја етапа на возач, кој од страна на жирито бил сметан за „најдобар пример за карактер на оние кои се борат против ракот и срцевите болести“, во согласност со спонзорот на маичката. Оваа награда била одбележана со сина маичка.
Етапа Победник Генерален пласман25п Спринтерски пласман25п Планински пласман25п Пласман за млад возач25п Најборбен возач25п Екипен пласман 1 Петер СаганПетер Саган Петер Саган недоделена Тајлер Стајтс Шарл Плане 2Каспер АсгренТиџеј ван Гардерен Каспер Асгрен Давиде Балерини Тадеј Погачар Еван Хафман 3Реми Кавања Алекс Хоен Реми Кавања 4Фабио ЈакобсенПетер Саган Мајкл Ернандес 5Иван Гарсија Каспер Асгрен Давиде Балерини Матео Бадилати 6Тадеј ПогачарТадеј ПогачарМикел Бјерг 7Кес Бол Алекс Хоен FinalТадеј ПогачарКаспер Асгрен Давиде БалериниТадеј Погачарнедоделена
Список на учесници
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Трка околу Калифорнија Категорија:Светска турнеја на UCI 2019 Категорија:САД во 2019 година