Дај ми опасност (англиски: Gimmie Danger) - американски документарен филм, во режија на Џим Џармуш. Во филмот учествуваат членовите на „Стуџис“: Иги Поп, Скот Ештон, Рон Ештон, Дејв Александер, Џејмс Вилијамсон, Нико итн.

Синопсис Филмот ги прикажува клучните настани од кариерата на Иги Поп: детството, неговите средношколски музички групи, запознавањето со Дејв Александер и со браќата Скот и Рон Ештон, формирањето на „Стуџис“ и снимањето на првиот албум, успехот на групата, проблемите со дрогата, распаѓањето на групата, запознавањето со Дејвид Боуви и преселбата во Лондон, неговата соло-кариера, повторното формирање на групата и смртта на членовите на „Стуџис“. Исто така, во филмот се коментира и состојбата во музичкиот и општествениот живот во САД во доцните 1960-ти и влијанието на „Стуџис“ врз современата рок-музика.IMDb, Gimme Danger (2016) (пристапено на 16.1.2020)

Наводи

Категорија:Американски филмови Категорија:Филмови од 2016 година Категорија: Американски документарни филмови Категорија:Филмови на англиски јазик Категорија:Филмови на Џим Џармуш Категорија:Филмови чие дејствие се одвива во САД Категорија:Филмови за музичари Категорија:Филмови со Иги Поп