Царевец — населба од римското време. На три километри западно од селото Бразда, на левата страна на Лепенец, на простор од околу 50 × 50 метри во нива се среќаваат фрагменти од керамички садови, градежен материјал и дел од вотивен споменик со латински натпис.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
Поврзано Градиште — утврдена населба од железното, раноантичкото, римското и доцноантичкото време; Ѓорѓоец — водовод од римското време.
Наводи
Категорија:Бразда