Трајанка Мизрахи (Праведник, Кавадаречко, 24 мај 1921 — 24 јануари 1991) — македонска комунистка и првоборец. Носителка е на Партизанска споменица од 1941.

Животопис Родена е во село Праведник, Кавадаречко на 24 мај 1921 година. Во 1941 година станала член на КПЈ како припадничка на македонското младинско движење. Од 7 мај 1943 година била борец во Тиквешките НОПО „Добри Даскалов“ и заменик политички комесар на Првиот баталјон на Деветтата македонска ударна бригада. По ослободувањето извршувала државни и општествени функции.

Наводи

Категорија:Македонски општественици Категорија:Македонски комунисти Категорија:Македонски партизани Категорија:Македонски Евреи Категорија:Носители на Партизанска споменица од 1941