Хари Мегваер (роден на 5 март 1993) — англиски фудбалер, на и на Англиската репрезентација.
Мегваер е роден во Шефилд и е производ на младинската школа на Шефилд Јунајтед, преку која станал професионалец дебитирајќи за првиот тим во 2011 година. Тој одиграл вкупно 166 натпревари за блејдс, и бил нивен играч на годината трипати по ред, а исто така трипати се нашол и во ПФА-тимот на годината на Лига еден. Во 2014 година, тој преминал во Хал Сити за 2,5 милиони, со кои се натпреварувал во неколку натпревари од Премиер лигата пред да биде позајмен на Виган Атлетик во 2015 година. Откако во следните две години во Хал Сити потполно се афирмирал како играч, во летото 2017 по испаѓањето на тигрите од Премиер лигата Мегваер се преселил во за 12 милиони фунти. Две години подоцна, тој се преселил во за сума од 80 милиони фунти, со што станал најскапо платениот одбранбен играч.
Мегваер одиграл еден натпревар за Англиската репрезентација под 21 година во 2012. Своето деби за Сениорската репрезентација на Англија, го направил во октомври 2017 и оттогаш е редовен член. Тој ја претставувал својата земја на Светското првенство 2018.
Животопис Неговите браќа Џо и Лоренс, се исто така фудбалери.
Технички одлики Централен дефанзивец, со импозантна големина, многу силен физички, кој се покажал како вешт и во постигнувањето на голови благодарение на одличната игра во воздухот.
Клупска кариера Шефилд Јунајтед
Мегваер е роден во Шефилд, Јужен Јоркшир. Откако минал низ младинскиот систем на Шефилд Јунајтед, тој бил промовиран во првиот тим во сезоната 2010-2011, во која клубот се борел за опстанок во Чемпионшип лигата. Своето деби тој го направил влегувајќи како замена на почетокот на второто полувреме, во поразот на домашен терен од Кардиф Сити (0-2) во април 2011 година. И покрај поразот на неговиот тим, неговиот дебитантски настап во второто полувреме бил толку импресивен што довел до тоа да биде избран за играч на натпреварот. Тој направил уште четири настапи до крајот на сезоната, но не можел да го спречи испаѓањето во Лига Еден.
По испаѓањето на клубот. Мегваер го зацементирал своето место во почетната постава и го постигнал својот прв гол за Шефилд Јунајтед во победата од 2-0 над Олдам Атлетик на отворањето на сезоната 2011–2012 во Лига Еден. Во октомври, тој потпишал продолжување на договорот со клубот според кое требало да се задржи на Брамал Лејн до 2015 година. Неговата одлична форма продолжила помагајќи им на блејдс да стигнат до плејофот за промоција (каде загубиле во финалето од Хадерсфилд Таун на пенали). На крајот на сезона тој бил прогласен од клубот за „Играч на годината“ и „Млад играч на годината“ на Шефилд Јунајтед. Списанието „Натпревар на денот“ на БиБиСи го избрало Мегваер во својата екипа на годината на Лигата Еден за сезоната 2011–2012.
Мегваер продолжил да биде прв избор во центарот на одбраната и во следната сезона, а неговата добра форма продолжила и кога за првпат во кариерата постигнал два гола на еден натпревар во победата со 4-1 над Нотс Каунти на Мидоу Лејн во ЕФЛ Трофи на 17 октомври 2012 година. На крајот на февруари 2013 година, Мегваер го направил својот 100-ти старт за блејдс (на возраст од само 19 години) во ремито 0-0 против Лејтон Ориент на Брамал Лејн.
На 21 јуни 2014 година, било откриено дека Јунајтед му понудил на Мегваер нов подобрен договор со цел да го задржи играчот по пројавениот интерес за него од Хал Сити и Вулверхемптон Вондерерс. Претходно, Јунајтед веќе одбиле две понуди за Мегваер од Вулверхемптон кои изнесувале 1 милион и 1,5 милион фунти.
Вкупно за Шефилд Јунајтед тој одиграл 166 натпревари и постигнал 12 голови.
Хал Сити Првата сезона и заемот кај Виган Атлетик На 29 јули 2014 година, Мегваер му се приклучил на Хал Сити во трансфер вреден 2,5 милиони фунти, потпишувајќи тригодишен договор со клубот од Премиер лигата. Своето деби за тигрите го имал на 21 август во првиот натпревар од плејоф рундата на УЕФА Лига Европа, во поразот со 1-0 на гостувањето во Белгија кај Локерен. Тој не играл во лигата до декември 2014. Своето деби во Премиер лигата го имал на 20 декември, влегувајќи во игра од клупата за резерви на местото на повредениот Картис Дејвис во последните 13 минути од поразот со 0-1 на домашен терен од .
Откако остварил само шест настапи во сите натпреварувања за Хал во првиот дел од сезоната, Мегваер му се приклучил на Виган Атлетик (кој тогаш се натпрварувал во Чемпионшип) на 10 февруари 2015 година со договор за едномесечен заем. Една недела подоцна, тој го направил своето деби за латикс во победата со 1-0 над Рединг. На 28 февруари, тој постигнал гол со глава по нафрлената топка на Џермејн Пенант во победата со 3-1 на гости кај Блекпул. Откако одиграл повеќе натпревари на заемот од месец дена во Виган отколку за целиот прв дел од сезоната во Хал, престојот на Мегваер на Ди Дабалју бил продолжен до крајот на сезоната. Сепак, сезоната завршила разочарувачки за Виган откако клубот испаднал од Чемпионшип, што претставувало второ лично испаѓање од овој ранг на натпреварување за Мегваер по она со Шефилд Јунајтед во неговата дебитантска сезона.
Пробивот во првиот тим
Интересно е тоа што додека Мегваер играл на заем во Виган, и Хал Сити испаднал од Премиер лигата во Чемпионшип, така што кога тој се вратил во Хал во летото 2015 продолжил да се натпреварува во истата лига каде ја завршил минатата сезона. Во текот на сезоната 2015-2016, Мегваер имал многу позначајна улога во Хал Сити во однос на неговата прва сезона во клубот. Иако првично бил замена на стоперските позиции за искусните Картис Дејвис и Мајкл Доусон, сепак на почетокот на ноември тој на најдобар можен начин ја искористил повредата на Дејвис и се воспоставил себеси во почетната постава како партнер на Доусон. Во февруари Мегваер повторно се вратил на клупата, откако Дејвис се опоравил и го заземал своето место во почетната постава, но во април му се укажала нова шанса откако овојпат се повредил Доусон. Вкупно тој забележал 24 настапи за тигрите во оваа сезона и му помогнал да клубот да избори нова промоција во Премиер лигата по само една година отсуство; на 28 мај 2016 Хал го победил со 1-0 во финалето на плејофот за промоција, а Мегваер се појавил во игра во последните минути од натпреварот на местото на стрелецот на голот Мохамед Диаме.
Редовен стартер, играч на годината и капитен Следната сезона Мегваер станал стандарден првотимец под водството на менаџерот Мајк Филан. Својот прв гол за Хал Сити, Мегавер го постигнал во победата со 2-1 во Лига купот против Бристол Сити на 25 октомври 2016 година. Својот прв гол во Премиер лигата пак го постигнал на 5 април 2017, во победата со 4-2 над , во натпревар во кој исто така за првпат во кариерата ја носел капитенската лента на клубот. Својот втор гол во лигата го постигнал десет дена подоцна во поразот со 3-1 од на Британија. Иако сезоната завршила со испаѓање на тигрите од Премиер лигата, тој бил избран за играч на годината на Хал и од навивачите и од играчите.
Лестер Сити
Години на полна играчка зрелост На 15 јуни 2017 година, Мегваер потпишал пегодишен договор со Лестер Сити во трансфер вреден 12 милиони фунти, што подоцна се искачил на 17 милиони фунти со додатоци. Своето деби го имал на 11 август, во поразот со 4-3 од Арсенал на отворањето на сезоната во Премиер лигата. Осум дена подоцна, тој го постигнал својот прв гол за лисиците, стрелајќи со глава по корнерот изведен од страна на Ријад Марез во победата со 2-0 над Брајтон и Хоув Албион на Кинг Пауер. Тој ги одиграл сите минути во сезоната 2017–2018 и бил награден со признанието играч на сезоната на Лестер Сити.
По одличните настапи на Светското првенство 2018 се појавиле шпекулации за трансфер на Мегваер во Манчестер Јунајтед, но менаџерот на Лестер Сити Клод Пуел изјавил на последниот ден од летниот трансферен прозорец (9 август 2018) дека Мегваер ќе остане во клубот. Тој исто така рекол дека неговото патување во Манчестер ќе биде за да игра против Јунајтед со екипата на Лестер. На 30 јануари 2019, Мегавер го постигнал изедначувачкиот гол за Лестер во ремито 1-1 против на Енфилд. На 16 март, во победата со 2-1 на гостувањето кај тој бил исклучен после само 4 минути игра, што бил неговиот прв добиен црвен картон по пауза од цели седум години.
Манчестер Јунајтед Најскап одбранбен играч на светот Во јули 2019, понудил 70 милиони фунти за Мегавер, една година подоцна откако тие ја испратиле својата прва слична понуда. Потоа тие испратиле нова подобрена понуда, која изнесувала 80 милиони фунти, која била прифатена од Лестер на 2 август. Трансферот бил комплетиран на 5 август, Мегваер потпишал шестгодишен договор со опција за уште една дополнителна година и станал најскапиот одбранбен играч на светот надминувајќи го трансферот на Вирџил ван Дајк во Ливерпул кој во јануари 2018 изнесувал 75 милиони фунти. Своето деби за Јунајтед го направил на 11 август во победата со 4-0 на домашен терен над и бил избран за играч на натпреварот. На 17 јануари 2020, тој бил назначен за нов капитен на Јунајтед од менаџерот Оле Гунар Солшер, по заминувањето на Ешли Јанг во Интер. Девет дена подоцна, со својот прв погодок во дресот на Јунајтед тој го отворил резултатот во победата со 6–0 над Транмир Роверс во ФА Купот. На 17 февруари тој го постигнал својот прв гол за Јунајтед во Премиер лигата во победата со 2-0 на гостувањето кај Челси.
Репрезентативна кариера thumb|upright|Мегваер во дресот на англиската репрезентација на Светското првенство 2018. Мегваер бил повикан во репрезентација на Англија под 21 година за првпат во ноември 2012 година за пријателскиот натпревар против Северна Ирска. Селекторот Дани Вилсон изјавил: „Тој има фантастична зрелост за својата возраст, тој презема сè во своја рака и ништо не го плаши. Не очекувам ниту овој повик, затоа што тој е таков карактер“. Своето деби за репрезентацијата под 21 година Мегавер го направил влегувајќи како замена во 60-тата минута на местото на Андре Виздом во победата со 2-0 против Северна Ирска на Блумфилд Роуд.
На 24 август 2017 година, селекторот на англиската сениорска репрезентација Гарет Саутгејт го вклучил Мегваер во својот список за квалификациските натпревари против Малта и Словачка. Своето деби го направил играјќи како стартер во победата со 1-0 над Литванија, во последниот натпревар на Гордиот Албион во нивната успешна квалификациска кампања за Светското првенство 2018.
Мегваер бил избран во 23-члениот состав на Англија за Светското првенство 2018 во Русија. Во првиот натпревар на првенството на 18 јуни 2018 година, тој му асистирал на Хари Кејн за победничкиот гол против Тунис со кој Англија победила со 2-1. Својот прв гол за Англија го постигнал на 7 јули 2018 година, со удар со глава по центаршутот на Ешли Јанг во победата со 2-0 над Шведска во четвртфиналето.
Хронологија на репрезентативните настапи
Статистика Клупска статистика Статистиката е ажурирана на 17 февруари 2020
Сезона Клуб Првенство Национален куп Континентален куп Останати купови Вкупно Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Наст Гол 2010-2011 ЧЛ 5 0 ФАКуп+ЛК 0+0 0 - - - - - - 5 0 2011-2012 ФЛ1 44+3 1 ФАКуп+ЛК 4+2 0 - - - ФЛТ 3 0 56 1 2012-2013 ФЛ1 44+2 3 ФАКуп+ЛК 4+1 0 - - - ФЛТ 2 2 53 5 2013-2014 ФЛ1 41 5 ФАКуп+ЛК 8+1 1+0 - - - ФЛТ 2 0 52 6Вкупно Шефилд Јунајтед 134+5 9 20 1 - - 7 2 166 12 2014-јан. 2015 ПЛ 3 0 ФАКуп+ЛК 1+1 0 ЛЕ 1Во квалификациските кола. 0 - - - 6 0 фев.-јун. 2015 ЧЛ 16 1 ФАКуп+ЛК 0+0 0 - - - - - - 16 1 2015-2016 ЧЛ 22+2Во Плејофот за промоција. 0 ФАКуп+ЛК 4+5 0 - - - - - - 33 0 2016-2017 ПЛ 29 2 ФАКуп+ЛК 1+6 0+1 - - - - - - 36 3Вкупно Хал Сити 54+2 2 18 1 1 0 - - 75 3 2017-2018 ПЛ 38 2 ФАКуп+ЛК 3+3 0 - - - - - - 44 2 2018-2019 ПЛ 31 3 FACup+CdL 0+1 0 - - - - - - 32 3Вкупно Лестер Сити 69 5 7 0 - - - - 76 5 2019-2020 ПЛ 26 1 ФАКуп+ЛК 2+2 0 ЛЕ 3 0 - - - 31 0Вкупно во кариерата 306 18 49 2 4 0 7 2 365 21
Репрезентативна статистика
Фудбалска репрезентација на АнглијаГод.НастГол20173020181312019100Вкупно261
Наводи
Надворешни врски
Хари Мегваер на soccerway Хари Мегваер на transfermarkt