мини|Железниот волк се користи како заштитен знак од литванската војска (Моторизирана пешадиска бригада железен волк)

Железен волк () — митски лик од средновековна легенда за основањето на Вилнус, главниот град на старото Големо војводство од Литванија и модерна Република Литванија.

Првате материјални спомени се пронајдени во литванските хроники, легендата асоцира и има одредени сличности со Капитолската волчица и ја одразувала желбата на Литванија да ги покаже свооет легендарно потекло од Римското Царство.

Легендата станала популарна за време на ерата на романтичниот национализам.

Денес Железниот волк е еден од симболите на Вилнус, а го користат спортски тимови, литванската војска, извиднички организации и други„VILNIUS – GELEŽINIO VILKO LEGENDA“.

Легендата

Според легендата, војводата Гедиминис (околу 1275 - 1341) ловел во својата шума во близина на Долината на Швентарагис, близу до реката Вилња. Уморен по успешниот лов, Големиот војвода, прноќувал на истото место. Заспал и во сонот, сонувал огромен Железен волк кој завивал како стотици волци. Откако се разбудил, свештеникот му го протолкувал сонот: „Она што е наменето за владетелот и државата Литванија, е Железен волк а тоа значи претставува замок и град што ќе го основате вие ​​на оваа страна. Тој ќе биде главен град на литванските земји и живеалиште на нивните владетели, а славата на нивните дела ќе одекне низ целиот свет “. Затоа, Гедиминас, почитувајќи ја волјата на боговите, го изградил градот и му го дал името Вилнус - од потокот на реката Вилјана.

Наводи

Категорија:Литвански легенди Категорија:Вилнус