Зета Лебед (ζ Лебед, ζ Cyg) — двојна ѕвезда во соѕвездието Лебед. Има привидна величина од 3,26 и оддалечена е 143 светлосни години (44 парсеци) .

Главната составница, ζ Лебед A е џиновска ѕвезда од спектрален тип G8 IIIp. Најверојатно е дека се работи за џин во облик на црвена грутка, што е ѕвезда во напредна фаза која започнала со соединување на јадрениот хелиум. Има трипати поголема маса од Сонцето и 5 пати поголем полупречник. Зрачи 112 пати посјајно од Сонцето од нејзината надворешна атмосфера, при делотворна температура of 4,910 K. Дава жолтеникав сјај од типот G.

Втората составница, ζ Лебед B е бело џуџе од типот DA4.2. Двете ѕвезди се вртат една околу друга, правејќи цел круг на секои 6.489 дена (17,8 години), при занесување од 0,22. Белото џуџе не е непосредно видливо, но се проценува дека има привидна величина од 13,2.

Зета Лебед во атмосферата изобилува со бариум и други тешки елементи, што ја чини т.н. „благобариумска ѕвезда“. Овие елементи се синтетизираат од другиот член на двоецот кога минува низ фазата на асимптотската гранка на својот развој, а потоа се ифрлаат во ѕвездениот ветер и се насобират во тековната главна составница. Преда да се здобие со оваа дополнителна маса, Зета Лебед имала околу 2,5 пати поголема маса од Сонцето, додека пак поразвиената AGB-ѕвезда имала три Сончеви маси.

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Лебед (соѕвездие) Категорија:Жолти џинови Категорија:Бели џуџиња Категорија:Бариумски ѕвезди Категорија:Ѕвезди на хоризонталната гранка Категорија:Спектроскопски двојни ѕвезди Категорија:Бајерови објекти BD+29 4348 Категорија:Флемстидови објекти 202109 104732 8115