Пол Саутворт Симондс (, 1917 година во Манила, Филипини - 28. март 2005 година во Провиденс, Род Ајленд, САД) беше американски физичар и инженер. Тој беше професор на Брауновиот универзитет каде ја вршеше и улогата на директор на Дивизијата за инженерство меѓу 1959 - 1962 година.

Симондс дипломираше на програмата за физика при Ренслеровиот политехнички институт во 1938 година, а потоа магистрираше и докторираше во областа на инженерството на Корнеловиот универзитет. Кратко време работеше во Истражувачката лабораторија на морнарицата, а потоа постана професор на Брауновиот универзитет. Во текот на својата кариера тој учествуваше во многу меѓународни размени на знаење и предаваше на бројни универзитети: Кембричкиот универзитет, Свансијскиот универзитетски колеџ и Оксфордскиот унвиерзитет. Симондс беше експерт за пластичност и нелинеарна динамика.

Беше оженет со Илиса Симондс и имаше два сина.

Наводи

Категорија:Починати во 2005 година Категорија:Физичари Категорија:Инженери Категорија:Апсолвенти на Ренслеровиот политехнички институт Категорија:Апсолвенти на универзитетот „Корнел“ Категорија:Професори на Брауновиот универзитет