Тафеа (бислама: Tafea) е една од шестте покраини во Вануату. Тафеа ги опфаќа најјужните острови во државата. Името на покраината потекнува од првите букви на петте најголеми острови во покраината: Тана, Анејтјум, Футуна, Ероманго и Анива.

Историја

За разлика од останатите покраини на Вануату, територијалниот интегритет на оваа административна единица не е променет уште од колонијалниот период. Сепак, во тоа време покраината се именувала или како Јужен округ или само како Тана. Денес административен центар на покраината е Исангел, а во колонијалниот период бил Ленакел.

Во 1970-те на островот Тана се појавило сепаратистичко движење за независност на Тана. Самопрогласувањето било на 24 март 1974 година. Ова движење било задушено по противењето на Франција и воспоставувањето на Англо-францускиот кондоминиумот на 29 јуни 1974.

Во 1980 година имало и друг обид за сепаратизам, со самопрогласувањето на независната Тафеа на 1 јануари 1980. Британските сили интервенирале на 26 мај 1980 и така останале дел од Вануату.

Географија Покраината има население од 32,5402009 Census Summary release final - Government of Vanuatu и површина од 1,628 км2. Главниот остров, но според површина втор, е Тана. На Тана живеат околу 80% од населението на покраината. Најголемо село е Ленекел, а административен центар на покраината е Исангел.

Најголемите три острови се дел од Меланезија, а Анива и Футуна се дел од Полинезија.

Острови Островите во покраината се:

островгл.селоповршина(км2) населениеVanuatu Census of Population 2009врввисина(метри)координатиTанаЛенакел56528,799Тукосмера1,084АниваИкаокао8341–42ФутунаИхсија11513Татафу666Eроманго Вете МанунгПотнарвин9751,950Сантоп886Aнејтјум Ињек Анелгаухат162915Инреров Атахејн852ТафеаИсангел1,72132,549Тукосмера1,084

Наводи

Надворешни врски Вануату Травел: Тафеа

* Категорија:Островски земји Категорија:Држави и територии настанати во 1994 година