Гробјани Рид — археолошко наоѓалиште во кочанското село Мородвис. Претставува средновековен објект и некропола. Над јужната периферија од селото се издига рид на чиј врв е сместена современата некропола. Во подножјето на југозападната страна се пронајдени остатоци од недефинирана архитектура од камен и кал, како и погребувања врамени и покриени со камени плочи. Подвижниот материјал се состои од фрагментирани керамички садови и монети карактеристични за XII-XIV век.Коцо, Димче (1996). „Археолошка карта на Република Македонија“. Скопје: МАНУ. стр. 177, ISBN 9789989101069

Поврзано Градиште — утврдена населба од доцноантичкото време и средниот век; Морозвизд — доцноантички и средновековен комплекс на повеќе наоѓалишта; Мородвис; Список на археолошки наоѓалишта во Кочанско; Список на средновековни некрополи во Македонија;

Наводи

Категорија:Мородвис