Финалето на Купот на европските шампиони во 1960 година било петто финале во историјата на Купот на европските шампиони. Во него, за победа се бореле Реал Мадрид од Шпанија и Ајнтрахт Франкфурт од Германија. Надалеку се смета дека токму овој натпревар бил еден од најголемите фудбалски натпревари играни досега. Мадрид победи со 7–3 пред огромната публика од над 127,000 луѓе во Хампден Парк во Глазгов, и таа бројка од луѓе сè уште не е надмината. Имало околу 70 милиони телевизиски гледачи низ цела Европа.
Франкфурт стигал до финалето преку победа со импресивниот резултат од 12–4 против шкотскиот шампион Ренџерс, додека пак Реал Мадрид го победил својот вечен соперник Барселона со резултат 6–2.
Натпреварот првично бил доведен до сомнеж бидејќи Фудбалски сојуз на Германија ги забрани на своите клубови да учествуваат на натпревари со кој било тим во кој е Ференц Пушкаш, откако Унгарците тврделе дека Западногерманскиот тим користел дрога во 1954. Пушкаш морал да напише писмено изведување пред одржување на натпреварот.
Пушкаш и Ди Стефано биле двајцата од само тројца играчи кои постигнале хет-трик во финалето на Купот на европските шампиони или Лигата на шампиони (Пушкаш бил единствен кој постигнал 4 гола), а другиот бил Пјерино Прати од ФК Милан кој го направил на финалето на Купот на европски шампиони во 1969 година против ФК Ајакс. Пушкаш направил уште еден хет-тик на финалето на Купот не европски шампиони во 1962 година.
Патот до финалето Реал МадридРунда Ајнтрахт ФранкфуртПротивникВкупен резултатПрв натпреварВтор натпреварПротивникВкупен резултатПрв натпреварВтор натпревар Женес Еш12–27–0 (Д)5–2 (Г)Прва рунда Јанг Бојс5–24–1 (Г)1–1 (Д) Ница6–32–3 (Г)4–0 (Д)Четвртфинале Винер Шпорт-Клуб3–22–1 (Д)1–1 (Г) Барселона6–23–1 (Д)3–1 (Г)Полуфинале Ренџерс12–46–1 (Д)6–3 (Г)
Натпревар
Детали
GK1 Рохелио ДомингесRB2 МаркосLB3 ПачинRH4 Хосе Марија ВидалCB5 Хосе СантаМаријаLH6 Хосе Марија Сарага (к)OR7 КанариоIR8 Луис дел СолCF9 Алфредо Ди СтефаноIL10 Ференц ПушкашOL11 Франциско ХентоТренер: Мигел Муњос415x415пксGK1 Егон ЛојRB2 Фридел ЛуцLB3 Херман ХоферRH4 Ханс Вајлбехер (к)CB5 Ханс-Валтер АјгенбротLH6 Дитер ШтинкаOR7 Ричард КресIR8 Дитер ЛиндерCF9 Ервин ШтајнIL10 Алфред ПфафOL11 Ерих МајерТренер: Паул Освалд
Поврзано
Куп на шампиони 1959/60
Надворешни врски
Куп на шампиони 1959/60 од УЕФА Куп на шампиони 1959/60 од РСССФ
Категорија:Финалиња на Лигата на шампионите