Нивишта — археолошко наоѓалиште во селото Врбјани во областа Дебрца. Претставува средновековна населба и некропола. Се наоѓа на околу 1 км северно од селото, на брегот југоисточно од денешната црква Св. Петка, и претставува простор со обработливи ниви. На места по површината се забележуваат фрагменти од керамички садови, а до неодамна постоеле и темели од станбени објекти. Сопствениците на нивите наоѓале разновидни предмети од железо и сребро.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. стр. 244, Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
Поврзано Црквиште - Петрчани — средновековна црква со некропола; Врбјани; Список на археолошки наоѓалишта во Дебрца; Список на средновековни некрополи во Македонија.
Наводи
Категорија:Врбјани (Охридско)