Парма ( ) — познат град во Италија . Парма е исто така втор по големина град во провинцијата Емилија-Ромања во северниот дел на државата и главен град на истоимената област Парма .
Парма е позната по својата архитектура и силната традиција во земјоделството и прехранбената индустрија. Универзитетот во Парма Università degli Studi di Parma il mondo che ti aspetta е еден од најстарите во Италија.
Познат фудбалски клуб кој доаѓа од овој град е ФК Парма .
Потекло на името Името на градот е поврзано со името на староримскиот штит - Парма. Првично така бил именуван потокот, кој денес го дели градот на два дела, и кој е толку мал што се суши во поголемиот дел од годината.
Географија десно|мини|270x270пкс| Плоштад Гарибалди во стариот град десно|мини|270x270пкс| Парма ноќе - најпознатиот градски мост десно|мини|270x270пкс| Дуждев парк десно|мини|270x270пкс| Градски специјалитет - Тортилин d'Erbeta Парма се наоѓа на преминот од централна кон северна Италија . Градот се наоѓа на 470 км северно од главниот град Рим и 125 км југоисточно од Милано .
Релјеф Градот е во рамничарско подрачје, најсеверните планини на Апенините се релативно близу до градот.
Клима Климата во Парма е изменето континентална клима со забележително влијание од Средоземното Море. Затоа, во лето е многу топло, а снегот е вообичаен во зима и е многу ладно во споредба со поголемиот дел од јужна Италија .
Вода Парма се наоѓа на потокот со исто име, кој е толку мал што често се суши. Реката По, како прва голема река, се наоѓа на 20 км северно од градот.
Популација Според резултатите од пописот во 2011 година, во општината имало 175.895 жители.
Стопанство Парма е голем индустриски центар со високоразвиена прехранбена индустрија. Најголемиот индустриски гигант од Парма е млечната индустрија „ Пармалат “, позната низ целиот свет. Важноста на градот како светски важен центар на прехранбената индустрија може да се види од фактот дека Парма е седиште на Европскиот орган за безбедност на храна.
Знаменитости
катедрала со дела од Антонио Кореџо The Cathedral of Parma is from 900 years a place of art, history and sacredness. крстилница од 1196 година е еден од најзначајните средновековни споменици во Европа црквата Свети Јован е изградена помеѓу 1498 година година и 1510 година година. Има барокна фасада. Манастирот Свети Павле Музеј Ломбардија
Познати луѓе од Парма
Бернардо Бертолучи Џузепе Верди Артуро Тосканини Антонио да Кореџио Микеланџело Анселми
Градови партнери
Вормс Шиџаџуанг Бург ан Брес Тур Љубљана Сегед Монктон Гвадалахара
Галерија
Наводи
Надворешни врски
„Најдоброто од Парма “ Поглед на градот од сателитот (Google Earth) 360 ° Фотографии од градот
Категорија:Емилија-Ромања Категорија:Градови во Италија Категорија:Статии што бараат повеќе извори Категорија:Сите статии со непотврдени изјави Категорија:Градови во Емилија-Ромања