Салоко Ливада — археолошко наоѓалиште во охридското село Горно Лакочереј. Претставува средновековна некропола. Во нивата на неколку жители, кои се на 250 метри северно од селото и 800 метри југозападно од наоѓалиштето Горица, се откриени камени плочи од гробни конструкции како и фрагменти од керамички садови.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. стр. 246, Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069

Поврзано Горица — населба и некропола од римското време; Полица — средновековна населба; Ќерија - Долчиња — населба од доцноантичкото време; Горно Лакочереј; Список на археолошки наоѓалишта во Охридско; Список на средновековни некрополи во Македонија.

Наводи

Категорија:Горно Лакочереј