Основно училиште „Вера Которка“ (официјално: Основно општинско училиште „Вера Которка“ - Клечевце; скратено: ООУ „Вера Которка“) — централно основно училиште во кумановското село Клечевце, Општина Куманово.

Училиштето е именувано по македонската партизанка Вера Которка.

Местоположба

Објектот на училиштето се наоѓа во самото село Клечевце, сместено во средишниот дел на селото.

Историја

Објектот на училиштето е изграден во 1928 година, кога наставата се изведувала од прво до четврто одделение. Училиштето прераснало во осумгодишно во 1958 година, кога биле доградени уште две училници и канцеларии.

Покривот на училиштето бил обновен во 2010 година, додека прозорците биле заменети во 2018 година.

Градба

Објектот е во добра состојба. Површината на објектот е 642 метри квадратни, има седум училници и две помошни простории. Се загрева со помош на печки на дрва.

Настава

Во училиштето наставата се изведува на македонски наставен јазик.

Галерија

Наводи

Категорија:Основни училишта во Општина Куманово Куманово Категорија:Клечевце Категорија:Основни училишта во Македонија