Св. Јован — археолошко наоѓалиште во охридското село Косел. Претставува средновековна црква и некропола. Се наоѓа североисточно од селото, на десниот брег на Коселска Река. При обработувањето на нивите биле откриени и растурени повеќе гробови, како и остатоци од градба. Најверојатно се работи за остатоци од црква по која наоѓалиштето го носи името. Од гробовите потекнуваат 3 стаклени и една бронзена белезица, кои денес се чуваат во Заводот и Музеј во Охрид.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. стр. 249, Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
Поврзано Градиште — утврдена населба од бронзеното време; Горна Горица — средновековна некропола; Св. Илија — средновековна црква и некропола; Сред Село — некропола од хеленистичкиот период; Црквата — средновековна некропола. Косел; Список на археолошки наоѓалишта во Охридско; Список на средновековни некрополи во Македонија.
Наводи
Категорија:Косел