Борис Павлов Китанов (, - , ) – бугарски универзитетски професор и ботаничар.

Животопис Китанов бил познат флорист, фитогеограф, фитоценолог, палеоботаничар, кој открил 105 таксони, нови за науката. По покана од Владата на НР Македонија, тој дошол во Скопје и учествувал во организацијата на наставата по биологија на Универзитетот „Кирил и Методиј“. Тој бил првиот професор по ботаника и прв шеф на Биолошкиот институт. Организирал хербариум на Ботаничкиот институт, со хербарски материјали од Балканскиот Полуостров. Ја основал Катедрата по биологија и со своите соработници ја организирал наставата и лабораториите за практични вежби по ботаника. За време на учебната 1948/49 година, тој се вратил во Софија.

Наводи

Категорија:Бугарски универзитетски професори Категорија:Професори на Природно-математичкиот факултет - Скопје Категорија:Предавачи на Софискиот универзитет