Драгослав Митриновиќ (, - , ) – југословенски универзитетски професор, математичар.
Животопис Митриновиќ завршил студии по математика во 1932 година, а докторирал во 1933 на Филозофскиот факултет во Белград со тезата „Истражувања за една важна диференцијална равенка од прв ред“. До 1946 година, тој работел како професор во гимназија, а во ноември истата година, од страна на Матичната комисија на Филозофскиот факултет, тој бил именуван за вонреден професор. Од 1951 бил вонреден, а од 1956 година, за редовен професор на Електротехничкиот факултет во Белград. Тој бил основоположник на Математичкиот институт и високошколската настава по математика во Македонија и автор на огромен број научни трудови и универзитетски учебници.
Во 1991 година, тој бил избран за член на Македонската академија за наука и уметност надвор од работниот состав.
Творештво Учебници: Зборник математичких проблема са прилозима у нумерички таблицама (три тома), Београд, 1957– 1960; Д. С. Митриновић, Д. Михајловић, Линеарна алгебра – Аналитичка геометрија – Полиноми (во подоцнежните изданија – и П. Васић), Београд, 1959; Д. С. Митриновић, Д. Ђоковић, Специјалне функције, Београд, 1964; Комплексна анализа, Београд, 1967; Митриновић, Ј. Кечкић, Једначине математичке физике, Београд, 1972.
Монографии: D. S. Mitrinovic, E. S. Barnes, D. C. B. Marsh, J. R. M. Radok, Elementary Inequalities, Groningen 1964; *Nejednakosti, Beograd, 1965; D. S. Mitrinovic, R. B. Potts; Elementary matrices, Groningen, 1965; D. S. Mitrinovic, J. Ulcar, Differential geometry, Groningen, 1969; D. S. Mitrinovic, P. Vasic, Analytic Inequalities, Springer Berlin-Heidelberg-New York, 1970.
Наводи
Категорија:Српски математичари Категорија:Српски средношколски професори Категорија:Српски универзитетски професори Категорија:Српски учебникари Категорија:Југословенски математичари Категорија:Југословенски учебникари Категорија:Југословенски средношколски професори Категорија:Југословенски универзитетски професори Категорија:Српски академици Категорија:Математичари од 20 век Категорија:Професори на УКИМ Категорија:Академици на МАНУ Категорија:Апсолвенти на Белградскиот универзитет