Далибор Брозовиќ (, - , ) – хрватски лингвист, славист, кроатист, член на ХАЗУ, а од 1986 член и на МАНУ надвор од работниот состав.
Животопис Неговата библиографија брои над илјада позиции, меѓу кои и книги. Во центарот на неговиот интерес е фонолошката проблематика на словенските јазици на стандардно и на дијалектно ниво и социолингвистичката одлика и статусот на словенските стандардни јазици. Во неговите трудови видно место зазема македонската проблематика. Во статијата Das Grundgesetz der makedonischen Prosodie („Wiener slavistisches Jahrbuch“, 21, 1975) прв пат ја формулира денеска општоприфатената теза дека во македонската прозодија треба да се бројат мори, а не само слогови. Автор е и на статијата „Македонски језик“ во Хрватската енциклопедија.
Наводи
Категорија:Хрватски професори Категорија:Академици на МАНУ Категорија:Академици на ХАЗУ Категорија:Членови на Хрватската академија на науките и уметностите Категорија:Погребани на гробиштата „Мирогој“