Основно училиште „Магдалена Антова“ (официјално: Основно општинско училиште „Магдалена Антова“ - Куманово; скратено: ООУ „Магдалена Антова“) — централно основно училиште во кумановската приградска населба Карпош, Општина Куманово.

Училиштето е именувано по учесничката во НОБ, Магдалена Антова.

Местоположба

Училиштето се наоѓа во населба Карпош, сместено на излез од градот до регионалниот пат Куманово-Крива Паланка.

Историја

Сегашната училишна зграда започнала да се гради во 1980 година и била завршена во 1986 година. Средствата за изградбата биле обезбедени со доброволни прилози на месното население.

Поради зголемување на бројот на ученици и паралелки, кон училиштето бил изграден нов дел од објектот со нови училници и канцеларија за наставниците.

Во поново време била извршена обнова на училишната зграда, каде биле сменети вратите, прозорците и пластичниот под на училниците.

Наводи

Категорија:Основни училишта во Општина Куманово Категорија:Основни училишта во Куманово Куманово Категорија:Основни училишта во Македонија