Прва непријателска офанзива (германско име Операција „Ужице“) е име за операцијата која ја покренале германските окупаторски сили, во соработка со усташко-домобранските и четничките одреди против партизанските одреди и Врховниот штаб на НОВЈ кои биле организирани на слободната територија наречена Ужичка Република. Офанзивата е започната во средината на септември и траела сè до почетокот на декември 1941 година.

Формирање на слободна територија околу Ужице

Вооруженото востание во Србија во летото 1941 доста се проширило посебно во Шумадија каде што дејствувале 12 партизански одреди со преку 15.000 добро вооружени борци. До крајот на септември 1941, сите поголеми места во западна Србија биле ослободени освен Крагуевац, Ваљево, Краљево и Шабац. На ослободената територија биле изберени народноослободителни одбори и Главен Народноослободителен одбор за Србија, кои биле израз на народната власт. Во слободното Ужице било седиштето на Врховниот штаб на НОВЈ и тука работела првата партизанска фабрика за оружје.

Партизанските одреди во источна Србија го загрозиле непреченото експлоатирање на бакар, кој бил важе нза германската воена индустрија. Помалку слободни територии се формирале на југот од Србија, каде што партизаните ја попречувале сообраќајната комуникација во долината на реката Јужна Морава.

Обидите на Германците да го задушат востанието во Србија биле неуспешни и покрај сите расположливи сили кои потпомогнати и со вооружени акции на квинслишката влада на Милан Недиќ. Зголемената активност на партизаните сè повеќе је попречувала комуникацијата на Германците со југот, а највеќе со Грција. Германски подготовки за офанзива За да обезбедени непречен сообраќај и да ја намали или прекинеактивноста на партизанските единици германската Врховна команда на Вермахтот на 16 септември донела одлука за задушување на востанието. Германските сили како и квинслишките на Милан Недиќ, Димитрије Љотиќ и Коста Печанац, биле поајани со 342-та пешадиска дивизија која била донесена од Франција, 113-та дивизија од Источниот фронт како и 125-тиот полк од 164-та дивизија од Грција. Во офанзивата учествувале и усташко-домобранските сили со делови од 118-та ловачка дивизаја (718 пешадиска дивизија) со задача да со запоседнување на Дрина од Зворник до сливот, оневозможат префрлање на партизаните од Србија во Босна и Херцеговина. Вкупниот број на непријателски војници бил околу 80.000. Раководењето со операциите е доверено на штабот на 18-тиот германски корпус на чело со генералот Франц Беме () Според наредбите на германската Врховна команда требало со масовни репресалии да оневозможи каква било друга востаничка активност. Сите населби во реонот на борбите требало да се запалат или да се разрушат со авијација. За секој ранет германски војник да се стрелаат 50, а за секој убиен 100 Срби, како и сето машко население на возраст од 16 до 50 години да се испрати во концентрациони логори.

Извори

Категорија:Југославија во Втората светска војна